Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Пелинце, време на чекање до 45 минути

July 26, 2025
1 min read

Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце и на Граничниот премин Пелинце, а времето на чекање на овие премини е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони. Ова посебно важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој е забрането движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендите и за денови со екстремно високи температури. Забраната важи во петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерството за здравство, забраната важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании што имаат договори за изведување проекти на државните патишта со Јавното претпријатие за државни патишта.

Поради зголемената фреквенција, на возачите им се препорачува да планираат повеќе време за патување и да ги следат информациите за состојбата на патиштата и граничните премини.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Двојно убиство во Будва, ги убил братот и внукот

Следно

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop