Ханси Флик ги разочара фудбалери со нови правила: А, за се е виновен Јамал!

July 26, 2025
1 min read

Ханси Флик одлучи да ја зајакне дисциплината во Барселона пред новата сезона, пишува шпански „Спорт“. Германскиот тренер, кој го наследи Чави Ернандез минатото лето, веќе јасно стави до знаење дека воведува десет строги правила на однесување, а сега додаде уште едно – и сите знаат кој е причината: Ламине Јамал. Забавата на која ѕвездата на Барселона покани девојки и луѓе со џуџест раст е една од најголемите теми на летото во Барселона.

Флик веќе воведе неколку правила минатата сезона, а сега додаде уште едно – забрана за организирање забави без негово одобрение. Секоја забава мора да биде најавена и објаснета, а тренерот ќе одлучи дали ќе ја дозволи. Покрај тоа, играчите мора да бидат многу подискретни на социјалните мрежи и да се фокусираат на фудбалот колку што е можно повеќе.

Какви правила воведе Флик во Барселона досега?

Германскиот тренер пристигна во Барселона минатото лето, а веднаш во првата сезона ја освои двојната круна во Шпанија и играше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Многумина го припишуваат неговиот успех на строгите правила на однесување што Флик ги воведе веднаш по неговото доаѓање.

Играчите, меѓу другото, се обврзани да доаѓаат 90 минути порано на тренинг, секојдневно да ја контролираат својата телесна тежина и да јадат заедно во клупската менза. На денот на натпреварот, тие мора да направат лесен тренинг наутро, а потоа сите се собираат во хотелот и оттаму одат на стадионот.

По натпреварите на гости, повеќе не е дозволено враќање дома – престојот во хотелот е задолжителен за одмор. Покрај сето тоа, Флик воведе правила за да поттикне подобри односи меѓу играчите. Секој што ќе прекрши некое правило не игра автоматски на следниот натпревар.

Што направи Јамал?

Иако малку се знае за тоа што точно се случило во луксузната вила во Оливела каде што Јамал го прослави својот 18-ти роденден, детали за забавниот дел од вечерта станаа јавни: настапот на доминиканскиот рапер Чимбала, тематскиот дрес код инспириран од мафијата, платените девојки, но и контроверзното присуство на изведувач со џуџест раст.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина: Повредени неколку цивили, уништени куќи во руски напад на Суми

Следно

Кочани: Нов Марш за ангелите 

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop