Мицотакис: Како премиер, на сите, но пред се на роднините на жртвите, им должам едно големо извини

March 5, 2023
1 min read

Правдата брзо ќе ја истражи трагедијата и ќе донесе одговорности. Сега должиме да застанеме покрај семејствата на жртвите, храбро признавајќи ги грешките на државата. Но, тие не се доволни, напиша грчкиот премиер Мицотакис на својот фејсбук-профил

Како премиер, на сите, но пред се на роднините на жртвите, им должам едно големо извини. Навистина, во Грција од 2023 година, не е можно два воза да се движат спротивно на иста линија, а никој тоа да не го забележал, пишува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на својот фејсбук-профил во однос на железничката несреќа во земјата.

„Не можеме, не сакаме и не треба да се криеме зад човечка грешка. Ако беше завршена работата на контролата, оваа несреќа практично ќе беше невозможно да се случи. Правдата брзо ќе ја истражи трагедијата и ќе донесе одговорности. Сега должиме да застанеме покрај семејствата на жртвите, храбро признавајќи ги грешките на државата. Но, тие не се доволни“,

напиша Мицотакис.

Тој доава дека ќе побара од Европската Комисија и пријателските земји за нивниот придонес за конечно Грција да добие модерни возови.

„И ќе се борам за дополнително финансирање за брзо одржување и надградба на постоечката мрежа. Конечно, ќе предложам сите партии отсега да се обврзаат дека, во следниот Парламент, ќе биде формирана Специјална комисија која ќе ја истражи болната историја на грчките железници во последните дваесет години. Она што не е направено толку години мора да се направи сега и брзо“,

напиша Мицотакис.

Денеска илјадници луѓе се собраа во Атина на демонстрации поради железничката катастрофа во која загинаа 57 лица.

ФОТО: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Како што пренесоа светските агенции, накратко дошло до судири меѓу полицијата и група демонстранти во центарот на главниот град на Грција. Масираните лица ги нападнаа полицајците со камења и молотови коктели. Инцидентите кои почнаа на „Синтагма“, се раширија и во другите делови од градот. Демонстрантите со денови бараат од власта да преземе одговорност  за лошите  и застарени состојби во железницата.

Полицијата одговори со солзавец и рачни гранати, пред толпата да се разотиде по околните улици.

ФОТО: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Најмалку 57 лица загинаа, а десетици се повредени во текот на ноќта меѓу 28 февруари и 1 март кога патнички воз со повеќе од 350 луѓе се судри со товарен воз.

По неколку протести одржани во изминатите три дена низ земјата, околу 10 000 студенти, железничари и групи поврзани со левичарските партии се собраа денеска на плоштадот во Атина за да изразат сочувство за изгубените животи и да побараат подобри безбедносни стандарди на железницата. мрежа.

Демонстрантите пуштија стотици црни балони кон небото во спомен на жртвите од директниот судир меѓу патничкиот воз Атина-Солун и товарниот воз.

„Тоа злосторство нема да се заборави“,

скандираа демонстрантите додека пуштаа црни балони.

На еден од транспарентите пишуваше: „Нивната политика чини човечки животи“.

Возот, кој сообраќаше од Атина до северниот град Солун, беше преполн со студенти.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мбапе стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ

Следно

Утре минусни утрински температури и дожд

Latest from Blog

Во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи промоцијата на актуелниот роман „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ќе ја претстават содржината на овој кус, но

Велика Британија, Франција и Германија го осудија продолженото израелско блокирање на помошта за Газа

ЛОНДОН (АА) – Велика Британија, Франција и Германија денес го осудија продолженото блокирање на хуманитарната помош за Појасот Газа од страна на Израел, барајќи итно обновување на непреченото доставување на помошта и

Ќе се доцни ли со правосудните реформи? Мицкоски: Обвинителството и судството се неми и неефикасни

Премиерот Христијан Мицкоски повторно ги критикуваше обвинителите и судиите. На дебата посветена на реформската агенда усогласена со Европската Унија, тој истакна дека не може да има европско општество ако обвинителот бира по
Go toTop