Јувентус сака ова лето да го врати Муани

July 25, 2025
1 min read

Јувентус планира да го врати Рендал Коло Муани во своите редови ова лето, објави денеска „Скај Спорт Италија“.

Напаѓачот на ПСЖ половина од минатата сезона ја мина како позајмен играч во италијанскиот клуб и импресионираше со своите настапи.

Според италијанските медиуми, Јувентус има намера да склучи договор само според свои услови, потпирајќи се на желбата на францускиот репрезентативец да се врати во Италија. Сега клубот од Торино чека сигнал за подготвеноста на европскиот шампион повторно да го позајми играчот.

Дваесетишестгодишниот Муани постигна 10 голови и додаде три асистенции на 22 натпревари за Јувентус. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

15 активни пожари во Македонија

Следно

15 активни пожари низ Македонија, алармантна состојба на терен

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop