НИКОЛА КУКУНЕШ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

July 24, 2025
1 min read

Никола Кукунеш е назначен за нов в. д. директор на Струшките вечери на поезијата (СВП), ни рекоа од Министерството за култура и туризам. Кукунеш е од редот на вработените во поетскиот фестивал, а доаѓа на местото на Цветанка Маркоска, чиј мандат како в. д. директорка истече. Тој е и советник во Советот на Оптина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно член 34 од Законот за културата, во случај кога не е избран директор на Национална установа или предвреме му престанал мандатот, министерот за култура и туризам веднаш именува вршител на должноста директор од редот на вработените. Со Решение 44-6890/1 од 15.7.2025 година, за нов в.д. директор на НУ Манифестација Струшки вечери на поезијата-Струга е назначен Никола Кукунеш“, ни одговорија од Министерството.

Кукунеш за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека годинава Фестивалот ќе се одржи од 21 до 24 август, најавени се 26 поети од странство и дека сите подготовки си течат согласно плановите. Годинашен лауреат на Златниот венец на СВП е словачкиот поет Иван Штрпка.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија гори на пет фронтови, 27 пожари за едно деноноќие

Следно

Нелегален софтвер откриен во казино во Боговиње – кривична за фирма од Скопје и вработен од Охрид

Latest from Blog

Македонката убиена во Пјаченца претходно контактирала адвокатка за семејно насилство: „Жртвата ми пишуваше и ги бришеше пораките“, вели Катерина Котеска-Стисниовска

По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа

Проданоски: Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува младите и хуманите активности

Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации.

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност бара постојана адаптација на економските политики

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го
Go toTop