Штипска Брегалница од денеска има турски сопственик

July 23, 2025
1 min read

Македонскиот фудбалски второлигаш Брегалница сезоната ја почнува со нов инвеститор и со ново раководство и стручен штаб, најавија на денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и новиот турски сопственик Мурат Шамил Шен.

Новиот турски инвеститор во штипска Брегалница е познато име на турскиот фудбал и поранешен репрезентативец кој играл за познати клубови во Германија и Турција, меѓу кои и за гигантот Фенербахче.

„Согласно донесената одлука на Советот на Општина Штип веќе се преземени 100% од акциите од досегашниот сопственик Кирил Гогов и од денеска почнува постапката за продажба на 85 проценти од акциите на идниот и нов сопственик, познат спортски работник од Република Турција, којшто денеска е со нас, а тоа е господин Мурат“, изјави Јорданов.

Тој додаде дека на новиот инвеститор во фокусот ќе му бидат младинските категории, а постепено клубот ќе се гради за високи патеки и враќање во елитата.

Новиот инвеститор од своја страна посочи дека неколку години бил заинтересиран за инвестиции во спортски клуб, како дополнување на постојните вложувања кои се присутни во други области во Македонија.

„Ние веќе три години имаме свои инвестиции во други сегменти во Македонија и, исто така, баравме фудбалски и кошаркарски клуб. После толку барања и средби со неколку клубови одлучивме да инвестираме во ФК Брегалница“, рече Шен.

Турскиот инвеститор објави дека нов шеф на стручниот штаб на Брегалница во новата сезона ќе биде искусниот стратег Влатко Костов, кој е роден штипјанец.

Брегалница веќе води преговори и за нови засилувања, кои ќе треба да се промовираат во следните денови, а, исто така, се договорени пријателски натпревари и утврден е планот за подготовки за новата сезона во Втората фудбалска лига која стартува на 23 август.

Од страна на новото раководство на Брегалница беа најавени вложувања во реконструкција на теренот, како и изградба на нова трибина на Градскиот стадион во Штип.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Муцунски-Герапетритис

Следно

Започна судскиот процес за случајот Беланоца – Барон

Latest from Blog

Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

 Зградата, во која се наоѓале ресторан и станови, е целосно уништена, потврди полицијата во кантонот Граубинден, јавува Би-Би-Си. Полицијата била повикана на пожарот кратко по полноќ, по што речиси 100 пожарникари излегле

Пратениците се враќаат на работа по августовскиот одмор, првата седница закажана за 2 септември

Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна

СТЕНТОН ГРАДБА започна нов проект за изградба на магацин за фабриката

Градежната компанија СТЕНТОН ГРАДБА започна со реализација на нов индустриски проект во индустриската зона Опаленик, Општина Крушево, изградба на нов магацински објект за потребите на фабриката за обработка на тутун СЕКЕ. Станува

Љатифи и американската амбасадорка Варнс во ТЦ Охрид: Енергетската поврзаност носи поголема сигурност

Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, денеска во Трафостаницата Охрид ја пречека вршителката на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, при што го презентираше напредокот на проектот за енергетско поврзување
Go toTop