Судирите во Сувејда предизвикаа хуманитарна криза

July 18, 2025
1 min read

СУВЕЈДА (АА) – Цивилите во регионот се вовлечени во хуманитарна криза последните шест дена, поради судирите меѓу вооружените групи Друзи и бедуинските Арапи во јужна Сирија, што започнаа на 13 јули, а во кои беа вклучени и сириските безбедносни сили и Израел, известува Анадолу.

Оштетените далноводи за време на судирите го оставија регионот во голема мера без електрична енергија.

Без електрична енергија, пумпите за вода се надвор од функција, со што населението не е во можност да ја користи водата од бунарите.

Пазарите и пекарниците, кои беа затворени поради судирите, сè уште не се отворени.

Прекинот во производството на леб им оневозможи на луѓето да ги задоволат своите основни потреби за храна, а и брашното не е достапно во регионот.

Здравствените установи во Сувејда не пружаат здравствени услуги поради прекини на електричната енергија и од безбедносни причини.

– Судирите во Сувејда и израелските напади

Мали судири избувнаа меѓу бедуинските арапски племиња и вооружените групи Друзи во покраината Сувејда во Јужна Сирија на 13 јули.

Десетици војници беа убиени во нападите на групите Друзи врз сириските безбедносни сили распоредени во регионот.

По ескалацијата на судирите меѓу безбедносните сили и локалните вооружени групи Друзи, беше постигнат прекин на огнот меѓу страните.

Прекинот на огнот брзо пропадна, а израелската Армија започна напади насочени кон сириските безбедносни сили.

На 16 јули израелските воздухопловни сили ги нападнаа сирискиот Претседателски комплекс, седиштето на Генералштабот и Министерството за одбрана.

Истиот ден во Сувејда беше воспоставен прекин на огнот меѓу Владата и локалните групи, а израелските воени авиони започнаа напади врз Дамаск и Дара.

Се проценува дека во судирите и израелските напади во Сувејда, од каде што се повлекоа безбедносните сили, животот го загубија стотици луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопјанка измамена за 1.300.000 денари, и се јавил „лекар“ од Градска болница

Следно

МЕРМС: 520 милиони денари за шест месеци, двојно поголема наплата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини

Latest from Blog

Која е Каја Шукова – долгогодишна еколошка активистка која претендира да биде нова Скопска мајка

Со попладневната одлука на раководството на СДСМ, Каја Шукова влезе во трката за Град Скопје како официјален кандидат на СДСМ. Името го соопшти лидерот Венко Филипче, кој ја претстави како „испитан професионалец со

Загина Феликс Баумгартнер, првиот човек кој скокна на земјата од вселената

Феликс Баумгартнер, австрискиот екстремен спортист кој прв изведе скок од вселената, загина на 56 години во несреќа со параглајдер. Според австриските медиуми, Баумгартнер загинал во Италија додека летал со моторен параглајдер. На него нагло

Групата која носела бразилки во „Џевахир“ за проституција, доби пресуда од Кривичниот суд

Пет и пол години затвор за 35 годишната Дејесус Невес Марлиене од Бразил, првообвинетата за случајот со носење Бразилки во Скопје и посредување при проституција во период од декември 2023 до ноември

Водовод: Дефектот во Козле е во сопственост на болницата, прекинот со вода не е во наша надлежност

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје соопшти дека нема никаква вина за прекинот на водоснабдувањето во детската болница Козле. По теренски увид, нивните екипи утврдиле дека дефектот потекнува од внатрешната водоводна

Манастирот Сумела во Северна Турција – голема туристичка атракција

ТРАБЗОН (АА) – Манастирот Сумела, изграден со резбарење на карпите на планините Карадаг во долината Алтиндере во округот Мачка во турската област Трабзон, претставува голема атракција за туристите во секое годишно време,
Go toTop