Левица со тужба за клевета и кривична пријава против Петар Богојески

July 17, 2025
1 min read

Во врска со срамната, крајно вознемирувачка и лажно обвинувачка објава на Петар Богојески, актуелен функционер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, новопечен доцент на Воената академија и близок соработник на премиерот Христијан Мицкоски, со која без никакви докази се клевети парламентарната политичка партија Левица и се навредуваат нејзините членови, најавуваме ТУЖБА за клевета и навреда, како и кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка припадност против овој владин функционер.

Скандалозните јавни обвинувања дека „Левица убива деца“ (!?) не се само злонамерни, налудничави и целосно неосновани, туку претставуваат директно поттикнување омраза и загрозување на безбедноста на нашите членови!

Дополнително, прогласувањето на сите левичари за „психопати“ од некој кој со децении е носител на високи извршни функции во државната администрација, а со тоа и директен креатор на нездравото социјално опкружување, во најмала рака е игнорантно, неодговорно, а во неговиот случај и простачки.

Политичката злоупотреба на трагичниот настан во Прилеп, преку негово паушално поврзување со Левица, претставува циничен и безобзирен обид за политичко профитирање врз истиот. Наместо одговорност, гледаме подмолна манипулација со цел дискредитација на политички противници од страна на власта“, се вели во соопштението на Левица.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 50 загинати во голем пожар во хипермаркет во Кут, Ирак

Следно

Тони Михајловски во „Претрес“: Љутков ќе го надмине и најлошиот министер, тој е послушник кој сам си пукаше во нога

Latest from Blog

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во
Go toTop