Националната галерија пред институционална криза – вработените остро против новиот директор

July 16, 2025
1 min read

Вработените во Националната галерија на Република Северна Македонија го изразуваат најостро своето несогласување со одлуката за именување директор на институцијата. Јавно бараат преиспитување и итно поништување на одлуката за избор на Али Синани за директор. Избраниот кандидат, по професија ликовен уметник, пред се нема никакво непосредно професионално искуство во музејската дејност како основна дејност на институцијата или соработки кои покажуваат познавање на специфичните аспекти на музејската работа. Воедно, досега нема реализирано ниту еден проект, не само во рамките на Националната галерија, туку и во други релевантни национални установи. 

Со овој избор се загрозува принципот на стручност и објективна проценка, кои се клучни за одговорно раководење со институцијата од национално значење. Наместо транспарентен избор со јасни критериуми, институцијата е доведена во ризик да биде водена од лице без потребно основно познавање на музејската дејност, но и заштитата и конзервацијата кои се составен дел во негувањето и грижата за колекцијата од над 3.300 уметнички дела – движно културно наследство (слики, скулптури, цртежи, графики, икони, етнолошки, библиотечен материјал и др.) и поседува 4 објекти (Даут-пашин амам, Чифте амам и Спомен куќата на Лазар Личеноски – кои се недвижно културно наследство и Мултимедијалниот центар Мала станица). Комплексноста на институцијата од музејски, заштитен и галериски аспект бара раководење од страна на кадар со високо познавање и искуство во заштита, конзервација и музејското работење.

Во галеријата, се нагласува, работат докажани стручни кадри со долгогодишно искуство и меѓународни референци, кои имаат значителен придонес во зачувување и промоција на уметничкото творештво и културното наследство, со исклучителни биографии и меѓународен кредибилитет во презентација и афирмација на националната култура и визуелна уметност. Дел од нив беа и пријавени на конкурсот за избор на директор на Националната галерија, но очигледно биле исклучени од фер и транспарентна постапка за избор.

Токму затоа, вработените бараат овозможување на транспарентна постапка со објективно рангирање на сите кандидати според образование, искуство, стручни звања и докажани резултати, при што јавноста ќе види дека изборот се базира на знаење, а не на лични интереси и квоти.

Вработените апелираат до надлежните да го зачуваат професионалниот интегритет на Националната галерија, како една од најзначајните институции за чување, заштита и презентација на културното наследство во земјата, а во прилог на заедничкиот јавен интерес за заштита на националното културно наследство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инцидент во Зоолошката градина во Белград: Зебра повреди дете и двајца возрасни

Следно

Средба Мисајловски – лорд Коукер: Не поврзуваат заеднички вредности и цели – мирен и безбеден регион и силна Алијанса

Latest from Blog

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop