Сиљановска-Давкова гo прими градоначалникот на Тетово, Касами

July 16, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска гo прими градоначалникот на Тетово, Билал Касами кој ја покани на македонската вечер во рамките на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“. 

На средбата, Касами ги претстави неговите заложби за развој и афирмација на културната димензија и спортот заради задоволување на потребите на младите и јакнење на меѓусебната почит.

Исто така, градоначалникот ја запозна со изградбата на школските базени и ја потенцираше важноста од изградба на пречистителна станица преку ИПА фондовите, како најважна за заштита на водите. 

Претседателка ја истакна важноста од решавањето на проблемите врзани за младите и за животната средина и екологијата, како на локален, така и на централен план.

За претседателката, локална самоуправа е клучна во решавањето на најважните проблеми на граѓаните врзани за локусот и за развојот на демократијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените во Националната галерија бараат итно поништување на одлуката за избор на директор

Следно

Германија продолжува со извозот на оружје во Израел и покрај зголемените критики

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop