Итно повлечени од продажба детски чинии и чаши од бамбус

January 10, 2023
1 min read

Прибор за јадење кој најчесто го користат деца повлечен од македонскиот пазар. Станува збор за бамбус чинии, чашки, длабоки и чинии со прегради како и сетови од француски производител. Агенцијата за храна и ветеринарство добила предупредување од европскиот систем за небезбедна храна дека овие пластични производи кои содржат бамбусови влакна се потенцијален ризик по здравјето затоа што за повеќето адитиви од растителна основа, вклучително и бамбусот не е направена проценка за безбедност при нивна употреба во пластиката.

„Пластичните производи што се продаваат како материјали за контакти со храна, кои содржат бамбус и други неовластени адитиви на база на растенија, не се во согласност со одредбите од Правилникот за посебни барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната,ој е усогласен со ЕУ Регулативата 1245/20 и која ја дополнува Регулативата (ЕУ) 10/2011 за пластични материјали во допир со храна“, информираат од АХВ.

Сите кои имаат купено вакви производи, да не ги користат или да ги вратат на местото од каде се купени.

Засега нема информација колкава количина од спорните производи е увезена и продавана на македонскиот пазар.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кулеба: На Путин му останува само една опција, но тој одбива да ја прифати

Следно

Сопругата на Дани Алвеш со поддршка за фудбалерот по обвинувањата за сексуално вознемирување

Latest from Blog

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи
Go toTop