Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

July 15, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и намалување на природните ресурси, јавува Анадолу.

Според извештајот на Институтот при Грчката конфедерација за туризам (ИНСЕТЕ), во 2024 година секторот остварил директен приход од 30,2 милијарди евра, што претставува 13 % од бруто-домашниот производ на земјата.

Вклучувајќи ги и индиректните ефекти, вкупниот придонес на туризмот надминал 30 % од економијата. Во третиот квартал од 2024 година, секторот учествувал со 16,5 % во вкупната вработеност, додека бројот на меѓународни пристигнувања достигнал 35,9 милиони – што е зголемување од 3,2 милиони во споредба со претходната година.

И покрај овие позитивни бројки, грчките медиуми известуваат за сè поголеми грижи во врска со растечките кирии во туристичките места и недостигот од вода во екот на летната сезона.

Владата бара долгорочни стратегии за балансирање на економското влијание на секторот со неговите социјални и еколошки предизвици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штип, Тетово и Кичево добиваат модерни болници

Следно

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Latest from Blog

Пал Заранди: Со влезот на One Macedonia ќе се активира конкуренцијата, граѓаните да внимаваат на двегодишни договори

One Macedonia, новиот мобилен оператор што влегува на македонскиот пазар, најавува сериозен инвестициски циклус и поинаков пристап кон корисниците, со цел да донесе поголема транспарентност, конкурентност и модерни дигитални услуги. Во интервју
Go toTop