ЕУ најави формирање Центар за процесуирање на руското „злосторство на агресија врз Украина“

March 4, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Европската Унија (ЕУ) денес објави договор за формирање Центар за судско гонење на руското „злосторство на агресија врз Украина“, јавува Анадолу.

„Руската инвазија ѝ донесе неискажливо страдање на Украина… [Русија] мора да одговара за овие ужасни злосторства“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, осврнувајќи се на руската војна против Украина што започна на 24 февруари минатата година.

Нагласувајќи дека руските сили во Украина извршиле злосторства врз украинските цивили и енергетската и друга инфраструктура, Фон дер Лајен рече дека треба да се вложат сите сили за да се изведат сторителите пред лицето на правдата.

Повторувајќи дека ЕУ ја поддржува улогата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во овој контекст, Лајен истакна: „Ние исто така сметаме дека треба да има трибунал посветен на изведување на руските злосторства на агресијата пред лицето на правдата“.

Таа додаде дека ќе биде потпишан договор за формирање на Меѓународен центар за процесуирање на кривичното дело агресија во Хаг за време на конференцијата „Обединети за правда“ што се одржува во Украина.

„Европската Унија ќе продолжи да работи заедно со нашите партнери да се осигури дека Русија ќе плати“, рече таа.

Новиот центар ќе биде дел од заедничкиот истражен тим формиран минатата година од Литванија, Полска и Украина, и поддржан од Агенцијата на Европската Унија за соработка во кривичното правосудство, или Јуроџаст.

„Задоволна сум што денеска е збогатен Заедничкиот истражен тим. Тој го отвора патот за формирање на Меѓународниот центар за процесуирање во Хаг на кривичното дело агресија врз Украина“, напиша на Твитер Дидие Рејндерс, еврокомесарот за правда.

Инаку, Москва не ја прифаќа јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројни навивачи на Лацио уапсени во Неапол

Следно

Бразил без Нејмар и Алисон

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop