Каја Калас: Доколку ситуацијата во Газа не се подобри, тогаш сите не сме направиле доволно

July 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Шефицата за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, денес предупреди дека доколку ситуацијата во Газа сè уште не се подобри, тоа значи дека сите не направиле доволно, јавува Анадолу.

„Ситуацијата е сè уште многу, многу лоша во Газа. Значи, сè додека навистина не се подобри, значи дека сите не сме направиле доволно“, рече Калас во својата изјава пред состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел.

Укажувајќи на „катастрофалната“ ситуација на терен, таа истакна дека тоа што нема прекин на огнот го отежнува обезбедувањето хуманитарна помош.

„Постигнавме заедничко разбирање со Израел за навистина да ја подобриме ситуацијата на терен. Но не станува збор за документот, туку за неговото спроведување. Значи, гледаме некои позитивни знаци“, додаде таа.

Калас изрази надеж дека политичкиот договор за 18. пакет санкции против Русија ќе биде постигнат во вторник или во среда, нагласувајќи дека тој е „многу блиску“.

„Потоа ќе разговараме и за Иран. Секако, во наш интерес е да ги продолжиме преговорите по дипломатски пат“, додаде таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев, беше чест гостин во Урбан Таг на ТВ21

Следно

„БОМБА“ од Англија: Реал дал дозвола Родриго да заврши во Арсенал!

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop