„Ситуацијата во Газа е ужасна и неприфатлива“, изјави американската пејачка Оливија Родриго

July 13, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Американската пејачка Оливија Родриго изјави дека ситуацијата во Појасот Газа, кој се наоѓа под израелски напади, е „ужасна и целосно неприфатлива“ и објави дека за децата во Газа донирала средства за Меѓународниот фонд за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), известува Анадолу.

Во објава во делот „приказни“ на платформата за социјални медиуми Инстаграм, пејачката Родриго упати критики во врска со ситуацијата во Газа.

Нагласувајќи дека мајките, татковците и децата во Газа се гладни и жедни и лишени од основни медицински услуги и хуманитарна помош, Родриго наведе:

„Нема зборови со кои би ја изразила тагата што ја чувствувам поради уништувањето кое им е нанесено на невините луѓе во Палестина“ и додаде:

„Ниедно дете во Израел, Палестина или каде било на друго место во светот не заслужува да ги доживее тешкотиите на коишто се принудени да ги трпат овие деца“.

Наведувајќи дека ситуацијата во Газа е „ужасна и целосно неприфатлива“, Родриго го упати следниот коментар:

„Да се откажеме од нив значи да се откажеме од нашата заедничка човечност“.

Родриго истакна дека му донирала средства на УНИЦЕФ за да им помогне на оние што ја доживуваат „ужасната ситуација“ во Газа и ги повика своите следбеници и тие да донираат за Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура

Следно

Прва победа за Македонија, совладана е Грузија

Latest from Blog

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,
Go toTop