Целта на Бугарија е иста како на Русија – Мицкоски одговори на обвинувањата од официјална Софија

July 12, 2025
1 min read

Премиерот Мицкоски го спореди однесувањето на Бугарија кон нашата земја со она на Русија кон Украина. Ваквата изјава следува по вчерашните рафални критики и обвинувања од бугарска страна од каде Македонија беше оквалификувана дека има непријателски однос и покрај тоа што бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев го навреди Мицкоски нарекувајќи го северномакедонски премиер.

„Не очекувам од нашиот источен сосед и од оваа Влада да испрати поинаква порака. Сега тие мора пред нашите европартнери и партнери во НАТО да испратат порака и да рефлектираат порака со која што ќе не обвинуваат нас дека ние сме тие, а во суштина светот и Европа виде која беше целта на бугарските политичари, која во ништо не се разликува од онаа цел која што ја има руското раководство во Украина а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идентитетски инженеринг“, вели Христијан Мицкоски.

Тој воедно истакна и дека Бугарија со ваквиот однос не го спроведува Договорот за добрососедство, а како што истакна, се покажа и која е целта на бугарските политичари.

„Наместо да ја подадат раката на Македонија, наместо да не поддржуваат во патот кон полноправно членство во Европската унија што впрочем е и дел од Договорот за добрососедство тие, гледате, имаат поинаква цел и добро е што сите успеаја да видат и добро е што сите сега веќе знаат која е крајната цел дека не се неколку стотини македонски граѓани да бидат дел од Уставот туку таа е многу подлабока и многу поопасна и за самата Европа“, вели Христијан Мицкоски.

Реториката меѓу Бугарија и Македонија се заостри по отстранувањето на македонскиот идентитет и јазик во Извештајот на Европскиот парламент по барање на бугарските европратеници, по што бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев обраќајќи се кон Мицкоски го употреби терминот северномакедонски премиер. Македонското МНР за ова упати протесна нота а бугарскиот премиер Росен Жељасков побара од Мицкоски да се извини.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЏЕК НИКОЛСОН НЕ САКАЛ ДА ОДИ НА ОСКАРИТЕ ОТИ МИСЛЕЛ ДЕКА ЌЕ ЗАГУБИ ПО ШЕСТИ ПАТ – И ПО ПОЛА ВЕК „ЛЕТ НАД КУКАВИЧЈОТО ГНЕЗДО“ НА ФОРМАН Е КАКО НОВ

Следно

Статуа на Богородица Марија во Неапол трансформирана во Палестинка

Latest from Blog

Николоски: Европски грант од 149 милиони евра за железницата што ќе ја поврзе Македонија со Бугарија

Македонија обезбеди 149 милиони евра грант средства преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската Унија за изградба на третата делница од железничкиот Коридор 8, на потегот Крива Паланка – Деве Баир.

Лепиткова: Иловица е добро истражен проект, а современите технологии обезбедуваат високи еколошки стандарди

Претседателката на Македонското геолошко друштво, Соња Лепиткова, смета дека Македонија треба да ја искористи можноста што ја има со своите минерални ресурси, но тоа да го прави внимателно, одговорно и под строг

ДЕВЕТ ДЕНА ПЕКОЛ – Словенија го урна рекордот со најдолгиот топлотен бран

Словенија го бележи најдолгиот топлотен бран во својата историја, откако деветти ден по ред температурите надминуваат 35 Целзиусови степени. Според словенечката Агенција за животна средина, денешниот ден е последен од рекордниот топлотен

Дебата на СДА Македонија: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика

СДА Македонија ја организираше дебатата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“, на 30 јули 2026 година, во Скопје. Настанот отвори прашања што власта упорно ги избегнува. Дали европската интеграција навистина
Go toTop