Во Грција завршува потрагата по исчезнатите во железничката несреќа

March 4, 2023
1 min read

Шефот на железничката станица од каде што требало да се регулира движењето на возовите денеска е пред обвинител

Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Грчките спасувачи сè уште ги пребаруваат остатоците од возовите што се судрија во вторникот, но се очекува денеска да ја завршат операцијата за спасување.

Во железничката несреќа кај преминот Темпи во близина на Лариса, која се смета за најтешка во Грција досега, загинаа најмалку 57 патници, а десетици се повредени. Тие настрадаа во директен судир на патнички воз со повеќе од 350 патници и товарен воз што се наоѓал на истата пруга.

Шефот на железничката станица од каде што требало да се регулира движењето на возовите денеска е пред обвинител. Против него е поднесена кривична пријава за попречување на превозот и за загрозување животи.

Уапсениот, кој се товари, меѓу другото, и за убиство од небрежност во четвртокот побара и доби тридневен период за подготовка, а неговиот адвокат за грчките медиуми рече дека 59-годишникот направил грешка, презема одговорност, но само за делот што се однесува на него.

Катастрофата во централна Грција предизвика револт и протести низ целата земја, како и преиспитување на безбедносните стандарди во железничкиот систем.

Според властите, причината за несреќата била човечка грешка, но синдикатите на железницата велат дека таа била неизбежна поради неодржуваната и неисправна сигнализација.

Идентификувани се 54 тела од лицата што досега беа пријавени од роднините како исчезнати. Полицијата соопшти дека тие биле идентификувани преку ДНК тестови, бидејќи несреќата била многу насилна и била невозможна поинаква идентификација.

Возот патуваше од Атина кон Солун и беше полн со студенти што се враќале од патување по продолжениот празничен викенд.

Семејствата на загинатите и на исчезнатите бараат правда, а железничарите штрајкуваат.

„Ова е многу тешка ситуација. Ќе видиме како ќе постапиме законски, но за ништо нема да попуштиме. Семејствата бараат одговорните да не се извлечат“,

изјавил еден роднина за грчкото радио СКАИ.

Железничките синдикати, пак, почнаа 24-часовен штрајк во средата, а во петокот го продолжија за 48 часа., барајќи јасен распоред од Владата за спроведување безбедносни протоколи.

Вчера имаше судир меѓу полицијата и демонстрантите, откако 2.000 студенти излегоа на улиците во Атина, блокирајќи го патот пред парламентот и одржувајќи едноминутно молчење. Студентски протести имаше и во Лариса и во Солун.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Лајка“ од 6 до 10 март ќе лови кучиња во Општина Аеродром

Следно

Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола туку таа се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут чија цена е најмалку за три пати поскапа

Latest from Blog

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop