УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

July 12, 2025
1 min read

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports, клубот најавил дека ќе поднесе жалба на оваа одлука.

Причината за промената е поврзана со правилата на УЕФА за мулти-клуб сопствеништво. Имено, дел од сопствениците на Кристал Палас поседуваат удел и во друг клуб, тоа е Лион, кој исто така се пласира во Лига Европа, што претставува конфликт според правилникот на Европската фудбалска асоцијација.

Оваа одлука претставува сериозен удар за англискиот клуб кој се надеваше на враќање во второто најелитно европско натпреварување. Сепак, Кристал Палас ќе има можност да се натпреварува на европска сцена преку Конференциската лига, додека правната битка со УЕФА допрва започнува.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

Следно

Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop