МВР: Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир, две лица се обезбедени во полициска станица

July 11, 2025
1 min read

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска била нападната во Чаир, додека извршувала работни задачи, односно додека била на увид на дивоградба.

Во врска со инцидентот, се огласија и од МВР.

„На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош.“, велат од МВР, и додаваат дека се обезбедени две лица во врска со настанот, кои се наоаѓаат во полициска станица.

„Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на град Скопје била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје обезбедени се две лица кои во моментов се во Полициска станица со кои се обавува службен разговор.“, соопштија од МВР.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат

Следно

Властите во Газа го обвинија Израел за ексхумација на гробови и кражба на тела во Кан Јунис

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop