Марвел ги чува новите заплети како нуклеарни кодови

March 4, 2023
1 min read

На тој специјален вебсајт се добива само локација на која треба да се сретнат со човек:

„Денес го добив сценариото. Го немам прочитано. Го немам отворено. Уште немам добиено пасворд за сајтот… буквално добиваме пасворд на кој добиваме локација на човек кој треба да го сретнеме и да потпишеме договор, да седнеме на компјутер и да го прочитаме текстот,“ сведочи Ентони Меки кој ќе го има во новиот Кептен Америка.

Со оглед на тоа што ордата супер-фанови на Марвел одлично ги познаваат сите можни приказни и детали од богатата стрип историја од кои се мотивираат новите филмски сценарија, и најмала назнака за тоа што ќе има во новиот најавен филм може да ја расипе магијата на исчекување на што пак се темели гужвата пред кино благајните.

Иако Меки се зеза со параноичните протоколи на студиото, јасно му е зошто постојат, првенствено заради некои од неговите лајави колеги. Особено опасен во тој поглед е Спјадерменот Том Холанд, озлогласен по тоа што не знае да држи затворена муцка и да чува тајни. 

За да ги осуети неговите муабети наоколу, своевремено студиото намерно му има кажано на Холанд дека погребната сцена на Ајрон е всушност свадба а му подметнувале и лажни продукциски сценарија. Ако веќе зборува, да зборува глупости кои реално немаат врска со филмот.

Протоколи и процедури за неоддавање тајни има ама баш за сите кои се вклучени во продукцијата на скапите франшизи. Еден од преведувачите своевремено раскажуваше дека откако потпишале договор за доверливост, им бил пуштан цртан филм во кој еден ја пее  онаа од Шерман брадеерс, “It’s a small world after all”, колку да им текне колку е лесно нешто да протече и да се изгубат милиони.  

Ако не го знаете објавениот „спојлер“ за новиот Кептен Америка, во него ќе го има и Харисон Форд и Себастојан Стен.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Браќа од Батинци со нож избоделе едно лице, а потоа со пиштол го тепале по главата

Следно

САД: ФЕД продолжуваат со зголемување на каматните стапки за намалување на инфлацијата

Latest from Blog

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул и на Португалија пристигнаа на погребот на Жота

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул веќе се во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој започнува утрово во 11:00 часот. Поранешните ривали на

Трамп: Следната недела можен е договор за прекин на огнот во Газа по „позитивниот“ одговор на Хамас

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела можно е да се постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, по она што го опиша како „позитивен“

За коридорите 8 и 10д минатиот месец исплатени 681.026.665 денари на Бехтел и Енка

Изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10д продолжува со засилен теренски ангажман, покажува најновиот месечен извештај за надзор на работите. Во мај изведувачот „Бехтел и Енка“ најмногу работел на геотехнички

Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на
Go toTop