ВИДЕО: Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција – извршени проверки на 531 локација низ државата

July 11, 2025
2 mins read

Во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција на почетокот на минатиот месец,  во делот на сузбивање на трговијата со луѓе, односно програмата EMPACT-ОАП за трговија со луѓе и наши полициски службеници од повеќе организациони единици на МВР учествува во повеќедневните оперативни активности против трговијата со луѓе/пред се со деца како и во откривањето и сузбивањето на други видови криминал поврзан со кривичното дело – „трговија со луѓе“ – како што е илегалната миграција, фалсификувањето документи и слично.

Притоа, во текот на тие оперативни активности за идентификување жртви или потенцијални жртви на трговија со луѓе/деца, како и за идентификување на лица припадници на организирани криминални групи кои ги извршуваат кривичните дела – „трговија со луѓе” и „трговија со дете” по пат на сексуална или трудова експлоатација, присилни бракови, питачење, присилување на вршење други кривични дела беа откриени вкупно девет кривични дела. Односно по три кривични дела – „запуштање и малтретирање на дете“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, потоа две кривични дела – „фалсификување исправа“  како и едно кривично дело – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали “. Вкупно пак околу овие кривични дела биле приведени осум лица, а дополнително на подрачјето на Тетово, приведено е и лице за кое претходно е распишана потерница (црвена потерница/red notice) од Р.Словачка за сторено кривично дело – „трговија со луѓе”.

Исто така, откриени се девет лица жртви на трговија од кои шест лица биле под 18 годишна возраст (малолетни) а три лица над 18 години старост. Одземени е еден пиштол марка „Smith & Wesson SW 1911”  и шест куршуми калибар 45 мм кои сопственикот ги поседувал без соодветна дозвола за што е покрената кривична постапка, а воедно поднесени се голем број на прекршочни пријави согласно Законот за странци а вв со нерегулиран престој на странци во РСМ или злоупотреба на престојот како и прекршочни пријави против повеќе правни лица поради неправилности во работењето (непријавени работници, непочитување на работното време неисполнети услови за работа и друго).

Во оваа операција што инаку го опфаќа целиот европски континент во борба против трговијата со луѓе, учествуваат вкупно 43 држави како и меѓународни организации вклучувајќи ги и Европол, Интерпол и Фронтекс. Во Варшава, Р.Полска, беше воспоставен и координативен центар каде беа распоредени претставници од земјите учеснички, меѓу кои и претставник од Република Северна Македонија.

Во национални рамки пак носител на активноста беше Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, Секторот за криминалистички истраги, ОСОСК, а целата активност беше спроведена во координација и соработка со Секторот за меѓународна соработка, Одделот за криминалистичко разузнавање и анализа, Секторот за криминалистичка анализа при СКИ-ОСОСК, Одделот за криминалистичка полиција, Секторите за внатрешни работи, Регионалните центри за гранични работи, Одделот за гранични работи и миграции при МВР, како и Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за вработување и Државниот инспекторат за труд.

Во текот на активностите на територијата на нашата држава беа ангажирани над две илјади полициски службеници, а меѓу другото беа извршени проверки на вкупно 2232 лица, 1598 возила како и проверки на вкупно 531 локации низ државата.

Инаку оперативната акција (ОА) 3.5 JAD Global Chain имаше за цел подобрување на капацитетите на институциите надлежни за спроведување на законот, за да можат преку мултидисциплинарен пристап подобро да откриваат, истражуваат и гонат кривични дела поврзани со трговијата на луѓе/деца имајќи во предвид дека борбата против трговија со луѓе е мултидисциплинарна задача на повеќе засегнати институции и организации.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милчо Манчевски почнува да го снима својот осми филм – „Збогум, Копакабано“

Следно

Населението на ЕУ надмина 450 милиони жители

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop