Германија планира да купи дополнителни 15 борбени авиони Ф-35

July 11, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германската Влада планира да купи дополнителни 15 борбени авиони Ф-35, зголемувајќи ја планираната флота на авиони произведени во САД од 35 на 50, јавува Анадолу.

„Политико“ објави дека одлуката следува по неуспехот на Германија и Франција да ги решат несогласувањата околу европската програма за борбени авиони од следната генерација ФЦАС.

Според извештајот, ова го поттикна Берлин да набави дополнителни авиони Ф-35 за да го надмине јазот во капацитетите што произлегува од тоа.

Портпаролот на германското Министерство за одбрана, Кенет Хармс, на прашањето на новинарите за време на прес-конференцијата во Берлин, не ја потврди оваа информација.

„Во моментов нема планови во Министерството за одбрана за набавка на дополнителни авиони Ф-35 покрај оние што се веќе договорени“, изјави тој, без да даде дополнителни детали.

Германија во 2022 година, одлучи да купи 35 борбени авиони Ф-35 за да ги замени своите застарени борбени авиони „Торнадо“, кои се способни да испорачаат нуклеарни бомби и се распоредени како дел од политиката на НАТО за нуклеарно одвраќање.

Набавката ќе чини приближно 10 милијарди евра (11,7 милијарди долари).

Германските воздухопловни сили ќе ги добијат првите авиони Ф-35 во 2026 година, а обуката за пилоти и техничари ќе започне во САД.

Борбените авиони ќе бидат стационирани во воздухопловната база Бухел од 2027 година па натаму и ќе ги заменат застарените авиони „Торнадо“ до 2030 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наставничка физички нападнала ученик во беровско

Следно

Прв триумф на македонските јуниорки на ЕП во кошарка

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop