Јеменските Хуси објавија видео со кое го потврдуваат потонувањето на товарниот брод „Етернити Ц“ во Црвеното Море

July 10, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Јеменската група Хуси соопшти дека целосно го потопиле товарниот брод „Eтернити Ц“, кој бил на пат кон израелското пристаниште Ејлат, јавува Анадолу.

Воениот портпарол на Хусите, Јахја Сари, изјави дека бродот бил погоден од поморско пловило без екипаж и балистичка ракета додека пловел кон пристаништето Ум ал-Рашраш (Ејлат).

Сари додаде дека нападот бил извршен откако бродот и неговата компанија ја прекршиле блокадата наметната врз Израел.

Од вкупно 25 члена на екипажот, спасени се шест лица – петмина Филипинци и еден Индиец, се вели во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: 112 вчера имаше 4199 повици – најмногу се бараше пожарна и полиција

Следно

Срцепарателни фотографии од Лука Модриќ (ФОТО)

Latest from Blog

Кина: Војна на САД и Израел против Иран не е легитимна

Иранските државни медиуми објавија повеќе детали од состанокот во Пекинг меѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и неговиот кинески колега. Според новинската агенција Тасним, кинескиот министер за надворешни работи Ванг

Коњановски со признание „Менада“ на завршницата на „Танц фест“

Со моќната изведба на „Будење“, во кореографија на Рисимна Рисимкин, синоќа во Народниот театар Битола беше затворено 22-то издание на фестивалот „Танц фест“. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пред почетокот на

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган
Go toTop