Тајрис Халибартон ќе ја пропушти целата претстојна НБА сезона

July 9, 2025
1 min read

Кошаркарот на Индијана Тајрис Халибартон  ќе ја пропушти претстојната НБА- сезона бидејќи закрепнува по операцијата на десната Ахилова тетива, изјави генералниот менаџер на тимот, Кевин Причард.

Не се сомневам дека ќе се врати посилен. Операцијата помина добро. Сепак, тој нема да игра следната сезона. Не сакаме да ризикуваме. Другите играчи ќе имаат можност да напредуваат – посочи Причард на прес-конференција.

Халибартон го предводеше Пејсерс до финалето на НБА, а се повреди на 22 јуни, кога ја скина десната Ахилова тетива во првата четвртина од решавачкиот седми натпревар од финалето против Оклахома.

Имаше просек од 17,7 поени и девет асистенции со 46 проценти процент на шутирање од поле пред седмиот натпревар против Оклахома, во плејофот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Временска прогноза- доаѓа освежување со силен северозападен ветер

Следно

Кос: Владата во Скопје има одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ, единствен начин е да се да се усвојат уставните амандмани

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop