Силјановска: ЕУ има проблем со демократијата – Мицкоски очекува голем број пратеници да не го поддржат амандманот на Бугарија

July 8, 2025
1 min read

Не сум шокирана иако сум длабоко разочарана, вели претседателката Силјановска за односот на бугарските пратеници кои поднесоа амандмани за да се избрише македонскиот идентитет и јазик и притоа обезбедија мнозинство за нивно усвојување. Оценува дека Европскиот парламент покажува дека има голем недостаток од демократија.

-Природата на амандманите покажа дека навистина не само светот туку и Европа и Европската унија имаат сериозни проблеми со демократијата, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Таа се осврна и на оценките на бугарската влада во однос на малцинствата која и покрај тоа што на последниот попис во 2021, голем број лица се изјасниле како Македонци тие сметаат дека не ги исполнуваат критериумите за малцинство.

-Интересно е што пишува во дописот на Владата. Значи дека, овие лица кои се претставуваат како Македонци се мала група и не ги исполнуваат објективните критериуми за статус на национално малцинство. Може да заклучиме нешто? За која категорија ние треба да го смениме Уставот, за колкав број? – изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Премиерот Мицкоски сепак очекува дека дел од пратениците нема да го гласаат амандманот за бришење на македонскиот идентитет и јазик.

-Голем број на пратеници кои што се членови на Европскиот парламент и кои што се јавуваат и кажуваат дека нема да гласаат за тој амандман кој што ќе го поднесе некој а кој што има за цел на талибански начин од Извештајот кој што е на маса за прв пат од осамостојувањето на нашата земја да опфати македонски идентитет и македонски јазик тие нема да гласаат за да се избришат истите од Извештајот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку, во Извештајот се наведува дека Европскиот парламент ја повторува својата целосна поддршка за доследна посветена на Македонија за приклучување во Европската унија но посочува и на потребните реформи кои се потребни за исполнување на критериумите за пристапување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Герасимовски: 2.500 денари еднократна помош за пензионери со ниски примања

Следно

Палестинско момче ја загуби ногата во израелски напад додека се обидувало да донесе помош за своето семејство

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop