Нормализиран е сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

July 8, 2025
1 min read

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце и граѓаните можат непречено да се движат во двата правци.  Нормално функционира и граничниот премин Блаце.

Како што  информира АМСМ, сообраќајот на ГП Блаце, во двата правца се одвива нормално за автомобили, а наизменично движење за тешки товарни возила со хладњачи, додека за тешки товарни возила со церади движењето се уште е забрането.

Сообраќајот беше во прекин поради пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево. 

Според информацијата на ЦУК заклучно со 21 часот, од 30 регистрирани пожари, активни се 10, еден е локализиран, а 19 се изгаснати.
Покрај во Чучер Сандево, активни се пожарите и во општините Прилеп: с. Бешиште (приземен во мешана шума), Македонски Брод 1: с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки), Чашка: под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад во карпест дел, без активен пламен) Македонски Брод 2: н. Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ (опожарен магацин/хала со гуми и палети), Македонски Брод 3: с. Слатино (лисната постелка и ниска вегетација), Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума), Бутел: Визбегово, хотел Њу Стар (ѓубре), Крива Паланка: с. Жидилово (борова шума) и во  Делчево: градската депонија (депонија).

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Барселона го продолжи договорот на Војчех Шчесни

Следно

Охрид го губи статусот заштитено светско наследство, предлага УНЕСКО

Latest from Blog

Неделен преглед на Македонската берза: Комерцијална банка и Алкалоид меѓу најтргуваните акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 80.489.314,85 денари, од кои

(ВИДЕО) Трамп: ДА НЕ ЈА ИСФРЛЕА РУСИЈА НЕМАШЕ ДА ИМА ВОЈНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тековната војна меѓу Москва и Киев најверојатно ќе била избегната доколку Русија останела членка на тогашната Група осум (Г8). „Најверојатно немаше да ја имате војната меѓу
Go toTop