Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите

July 7, 2025
1 min read

Поради шумските пожари кои веќе два дена го зафаќаат подрачјето на Чучер Сандево, денес на вонредна седница на Општинскиот совет беше донесена одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на општината.

Градоначалникот Сашко Комненовиќ изрази сериозна загриженост за моменталната состојба, истакнувајќи дека огнената стихија се шири на тешко пристапен терен помеѓу селата Блаце, Чучер Сандево и Кучевиште.

„Ситуацијата е сериозна, се менува со голема брзина и бара постојано ангажирање на сите достапни ресурси. Пожарот гори низ густа нискостеблеста и мешана шума, а гаснењето е значително отежнато поради силниот ветер“, изјави Комненовиќ.

Тој укажа и на недоволно брзата реакција на надлежните институции, предупредувајќи дека во вакви моменти секоја минута може да биде клучна.

„Не сакам да бидам критичен, но морам да прашам – каде се новите хермелини за кои Владата вчера се пофали дека се подготвени за интервенции при пожари? На терен беше забележано присуство само на едно вакво возило“, додаде градоначалникот.

Локалната власт апелира за побрза и поорганизирана интервенција, додека екипите на терен продолжуваат со напорите за справување со огнот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Следно

Пожарот во Чучер Сандево активен и надвор од контрола, со воздушна интервенција ќе се продолжи рано сабајле

Latest from Blog

Божиновска: Државата гради стабилен и ефикасен енергетски систем

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, порача дека државата гради модерен енергетски систем базиран на стабилност, доверба и одржливост. На состанокот на Секторската работна група за енергетика, одржан во

ЛШ – 1/2 финале: Арсенал VS Атлетико Мадрид, вечерва ќе го дознаеме првиот финалист!

ФОТО:facebook.com/AtleticodeMadrid/ Вечерва (21 Ч) во Лондон е закажан реванш мечот од првото полуфинале во Лигата на шампионите.„Емирати“ ќе биде местото на одлучувачкиот судир меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид. Ова е реванш од

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик упатува искрена честитка до сите Македонци. Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со
Go toTop