На повидок формирање на работна група за независно обезбедување на Собранието

July 7, 2025
1 min read

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот неделен брифинг информираше дека во тек е формирање на работна група за независно обезбедување на Собранието. 

„Во тек е формирање на работна група за независно обезбедување на Собранието. Тоа ни е трета фаза од стратешката цел на Собранието – да има независно финансирање на службата и обезбедувањето. Во работната група членуваат претседателот на Собранието, потпретседателите, координаторите, генералниот секретар и замениците и државни советници и треба да присуствуваат претставници на три институции од Владата, самата Влада, кабинетот на Премиерот и министрите за правда и за внатрешни работи. Јас лично комуницирав со трите институции и имам најава дека министрите ќе дојдат. Од страна на Владата ќе имаме претставник. Работиме само на утврдување на датумот. Кон крајон на оваа или следната недела ќе имаме прв работен состанок  со оваа група. Начелно треба да тргне работата“, рече Гаши.

Во 2022 година имаше работен состав, потсети тој, но немале ниту еден состанок.

„Ние ја преземаме работата од почеток, разговараме на темата со НДИ и сите други странски организации. Процесот ќе биде максимално транспарентен и ќе гледаме неколку модели да разгледуваме, да бидеме внимателни затоа што во делот на безбедноста имаме проблеми. Не може целосно да биде независно, сепак, ако бидат членови од МВР, носење на оружје и такви работи“, рече претседателот на Собранието.

Гаши нагласи дека најприфатлив за сите пратенички групи е моделот на германскиот Бундестаг, но оти уште за ништо не е одлучено.

„Најмногу сме разговарале околу моделот на германскиот Бундестаг, кој е поприфатлив. Но ова е само начелно и почетна точка. Тука повеќе има експертиза отколку политика. Начелно, сите пратенички групи се согласни да продолжиме кон таа собраниска безбедносна независност, но да бидеме внимателни во делот на професионализацијата. Нас политички како Собрание повеќе не интересира законодавниот дом да биде независен во овој дел во рамките каде што нема да навлезе во ризикување на безбедноста на Собранието. И јас не го разбирам тој дел на експертизата. Нема да инсистираме на не знам каква голема служба, колку што е потребно, како било и порано. Сега да видиме како ќе одлучуваме кој ќе ги одреди началникот на обезбедување, дали ќе оди во пленумот да се гласа, по кои критериуми ќе биде изгласан. Да не одредува министер или некој човек, туку да биде тој што ќе биде во службата да биде најголемиот експерт што го имаме во државата. Во таа насока ќе биде. Не мислам дека е проблемот е до парите. Ова лаички го зборувам. Тоа да биде консензуален модел кој ќе биде прифатлив за сите институции“, рече Гаши. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апокалиптични слики од поплавите во Тексас

Следно

Притвор за скопјанец – најпрво украл возило, потоа извршил грабеж во угостителски објект

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop