Работата на отворен простор во Грција е забранета од пладне до 17 часот поради високите температури

July 7, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – Во Грција е забрането принудување на работниците да работат на отворен простор од 12:00 до 17:00 часот во региони каде што преовладуваат високи температури, известува Анадолу.

Грчкото Министерство за труд и социјална сигурност објави дека врз основа на предупредувањето дадено од Метеоролошката служба дека оваа недела ќе има значително зголемување на температурите на воздухот низ целата земја, воведени се мерки за заштита на работниците поради високите температури.

Во рамките на воведените мерки, во северните делови на Грција, Јонските Острови, Западна Грција, Тесалија, регионите Месина и островите Самос и Родос, на работниците нема да им биде дозволено да работат на отворени простори помеѓу 12:00 и 17:00 часот денес.

Прекината е работата во областите на товарен транспорт, курирска служба, градежништво и работа на бродоградилиште.

Дополнително, на состанокот одржан утрово под водство на министерот за климатски кризи и цивилна заштита Јанис Кефалојанис, со учество на други надлежни министерства и институции, беа разгледани мерките што треба да се преземат поради високите температури што се очекуваат во земјата оваа недела.

На состанокот е одлучено различни единици поврзани со Министерството за здравство, Полициската управа, Крајбрежната стража, Шумарската управа и Министерството за туризам синхронизирано да преземат мерки против можните негативни ефекти од топлото време. Вооружените сили, исто така, ќе патролираат во своите области на должност и ќе бидат во приправност поради можни опасности.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита, исто така, издаде соопштение во кое ги замолува граѓаните да се заштитат од високите температури, кои во некои региони се очекува да надминат 40 степени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маж нападнат со нож во струшко Враништа

Следно

Мицкоски: Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop