Министерот за здравство да си ја гледа работата, а не да кажува како да известуваат новинарите

July 6, 2025
1 min read

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите, се вели во соопштението на ЗНМ.

„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, посочуваат од новинарското здружение.

ЗНМ потсетува на член 16 од Уставот на Република Северна Македонија кој ја гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми, посочуваат од ЗНМ.

„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, се нагласува во соопштението.

ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стоиме во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество, информираат од ЗНМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Следно

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Latest from Blog

Нетанјаху од Американците бара детали за преговорите со Иран- се плаши од преголеми отстапки

Според израелски извор запознаен со деталите, Нетанјаху се обидува да добие информации за напредокот на преговорите и да разбере кои опции се моментално на маса. Според истиот извор, Израел изразува загриженост за

Отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи во зградата на МТВ

Во зградата на Македонската телевизија денеска официјално беше отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел

Нова драма: Иран бара посебни гаранции за да игра на Мундијалот!

фото: Megatron (X) Нова драма околу учеството на селекцијата на Иран на претстојниот Мундијал. Имено претседателот на Иранската фудбалска федерација (ФФИ), Мехди Таи, ја повика ФИФА да даде гаранции дека нивната делегација
Go toTop