Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места

June 30, 2025
1 min read

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот.  

Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување има слободни 16 034 места за упис на ученици – 10 758 за настава на македонски јазик, 4781 на албански наставен јазик, 474  на турски и 21 слободно место за настава на српски јазик. За гимназиско образование има 3727 слободни места и 12 307 за стручно образование. 

По првото аплицирање, спроведено од 14 до 17 јуни, вкупно се запишале 13 712 ученици од 16 601 пријавени. Од нив, 10 172  ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3 248 за албански, 279 за настава на турски и 13 ученици за српски јазик.

Како и во последните неколку години, стручното образование е попривлечно за учениците, така што на првиот јунски уписен рок над двојно повеќе ученици се запишале во стручни училишта  (9469) отколку во гимназиите (4243).

За гимназиско образование конкурсот за упис на ученици веќе е завршен во гимназиите „Јосип Броз Тито“ во Битола и „Никола Карев“ во Скопје. По првото пријавување, МОН објави информација и за училишта во кои Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование за одредени сектори/квалификации. 

За учениците кои во јунскиот рок нема да се запишат во средно училиште, следна можност е августовскиот рок во училиштата каде што ќе има слободни места. Електронското пријавување ќе биде на 21 август, а истиот ден ќе треба да се достави и потребената документација до училиштата. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето ќе биде објавена на 22 август. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кејн му пресуди на Фламенго

Следно

Граѓанскиот суд во Скопје донел првостепена пресуда Славјанка Петровска да му се извини на Христијан Мицкоски

Latest from Blog

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните
Go toTop