Слободна Палестина и Смрт за ИДФ (израелската армија) скандираа раперот Боб Вилан и публиката на фестивалот Гластонбери

June 29, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Би-Би-Си објави предупредување на екранот кога раперот Боб Вилан ги предводеше скандирањата „Слободна Палестина“ и „Смрт за ИДФ“ на фестивалот Гластонбери што се одржува во Сомерсет, Велика Британија, известува Анадолу.

Раперот Боб Вилан за време на изведбата на своите песни на фестивалот Гластонбери што Би-би-си го пренесуваше во живо, го започна скандирањето „Слободна Палестина“ и „Смрт за ИДФ (израелската армија)“ на кое му се приклучи и публиката.

Би-Би-Си издаде предупредување на екранот за време на пренос во живо додека раперот Вилан го изведување скандирањето.

Британската полиција соопшти дека ги испитува видеата од инцидентот.

Израелската амбасада во Велика Британија објави дека се „длабоко вознемирени од провокативната реторика и говорот на омраза.“

– Фестивалот Гластонбери

Фестивалот Гластонбери е петдневен настан што се одржува во Пилтон, Сомерсет, Велика Британија. Се одржува речиси секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули. Покрај современа музика, фестивалот нуди и програми што вклучуваат танци, театар, циркус, кабаре и други уметнички настани.

Гластонбери е најголемиот фестивал на трева во светот и моментално може да прими околу 200.000 луѓе. Средствата собрани на фестивалот се користат за добротворни цели.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Затвореник од Идризово крадел во Куманово за време на викенд отсуство, кај него била пронајдена и дрога

Следно

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на Големата награда на Холандија

Latest from Blog

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна
Go toTop