Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско езеро откако им се скршил дел од едрилицата

June 29, 2025
1 min read

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош.

Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои барале помош. Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“.

Безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кинотеката со богата и естетски разновидна филмска програма во јули

Следно

Во знак на протест против израелските напади врз Газа стотици демонстранти се собраа во Стокхолм

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop