ВЛЕН: Предавството од 2021 ќе се исправи – ДУИ: Одговорност за тие што ја поткопуваат еднаквоста и меѓуетничките односи

June 28, 2025
1 min read

Коалицијата ВЛЕН смета дека пописот на населението во 2021 година претставува предавство и една од најголемите институционални неправди што некогаш им е направена на Албанците во Северна Македонија.

„Ова не беше статистички процес, туку политички проект, осмислен за да ги избрише Албанците од статистиките и да ги исклучи од процесите на одлучување“, изјави Блерим Сејдиу.

Според него, со потписот на ДУИ и со техничката реализација од страна на СДСМ, Албанците биле поделени на „резиденти“ и „нерезиденти“, со цел да се исклучат илјадници Албанци од дијаспората од пописот. Укинувањето на оваа одлука од страна на Уставниот суд, Сејдиу го нарече победа на вистината.

Од ДУИ велат дека со длабока загриженост ја следат координираната кампања за дискредитација на последниот процес на пописот, процес кој, според нив, бил легален, транспарентен и целосно мониторирани од домашниот и меѓународниот фактор.

-Оваа кампања не е случајна. Таа е дел од поширок обид за ревизија на сите постигнувања од последната деценија, за организирање нов попис според нови политички агенди, со цел враќање на системската нееднаквост. Тоа е опасен обид за поткопување на темелите на соживот, за реализација на етноцентристички и aлбанофобски агенди и за рушење на кревките меѓуетнички односи, велат од ДУИ.

Интегративците предупредуваат дека секој политички, институционален или пропаганден актер што има за цел да го поткопа уставниот поредок, Мировниот договор, етничката еднаквост и соживотот, ќе сноси политичка, правна и морална одговорност.

За ова прашање реагираше и Алијансата за Албанците, повикувајќи на зрелост и политичка одговорност, бидејќи, како што велат, пописот не е прашање од минатото, туку темел врз кој се гради претставувањето на Албанците за децении напред. Секоја обид за поништување на оваа вистина, според АА, ќе се соочи со вистинските албански политички сили.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Грција регистриран смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска

Следно

Марта Кос ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан во Скопје за Планот на ЕУ за раст за регионот

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop