Од Будимпешта до Вардар: Балетската авантура на Балаж Лочеи

June 28, 2025
2 mins read

Балaж Лочеи, висок Унгарец со широка насмевка, го интервјуиравме во најтоплиот ден во Скопје оваа година помеѓу две проби на сцената на МОБ. Пет години му беа потребни на Скопје да му стане втор дом, а на него — едно летно попладне за да реши дека градот ќе биде неговата следна авантура.

Роден во Будимпешта и дипломиран на Унгарскиот универзитет за танц, Балaж ја добива првата поголема шанса во Србија. Сличноста во јазикот му се чини доволен мост за да ја премине границата, сѐ додека една аудиција во Скопје не отвори понуда што тешко се одбива: солистичко место на нашата национална сцена.

„Јазикот ми беше најголемиот предизвик,“ ни раскажува, присетувајќи се на пролетта 2019-та. „Македонскиот не е лесен, но сепак ми беше полесно затоа што пред да дојдам тука работев во Србија; јазиците си личат.“ Оттогаш, буквите „ш“ и „ж“ веќе му се пријатели, а со секој нов збор уште поцврсто врзува корен за градот. Низ смеење додава дека ја има својата девојка Матеа која е исто така балерина и негова колешка а која му помогнала и со учењето на јазикот но и со учењето на „финесите на македонската култура“.

За животот „меѓу шалтери“ зборува со чудна смиреност: „Административните лавиринти ги има, но луѓето овде се многу срдечни – тоа ти го олеснува денот.“ Потоа искрено се насмејува: „Во Унгарија знаеме понекогаш „да си го кренеме носот“, вие сте посрдечни, и тоа многу ми се допадна.“

Скопје го сумира во три збора – „убаво“, „жешко“ и „забавно“. „Градот е убав, летото е лудо жешко, а ноќите се исклучително забавни,“ вели со жар што не се лади ниту по долгите проби. Најмногу го изненадило утринското мени: „Во Унгарија не јадеме чорба за појадок,“ објаснува, „но тука ја засакав. А бурек? Речиси секое утро сакам бурек!“

Балаш е првенец на нашиот Балет и има одиграно голем број на улоги на сцената на МОБ. Помеѓу професионалните обврски и желбата за истражување на македонската култура го прашавме и за неговата идеална улога, на што одговара без двоумење: „Би сакал да танцувам во „Ромео и Јулија“ и да го поставам ликот на Ромео. Сè уште ја немаме таа претстава, но мечтаам за неа.“

Секој разговор за Македонија го затвора со порака до странците кои одлучиле да живеат и работат во Македонија: „Луѓе, дали ќе ми верувате или не, тоа е ваша работа, но дојдете! Ќе ви се допадне секоја секунда. Дојдете, почувствувајте сами. Ќе ви се допадне секоја секунда. Овде жештината, убавината и забавата одат рака под рака – а можеби, како мене, ќе најдете и некој што ќе ви го отвори срцето на нов јазик.“ Луѓето се исклучително фини, а градот го обожавам.“

На крај го замоливме со еден збор да го сумира своето искуство. Без пауза вели: „Авантура!“ – и како по команда, чекорот му тргнува во сите правци, како да се спрема за уште еден излез на сцена во град што веќе го вбројува меѓу своите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 16 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа во текот на ноќта

Следно

Приведени возачи од Куманово, Кочани и Македонски Брод затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop