Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме чекор напред во градењето на темелите на промените!

June 26, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски кој во Клубот на пратеници присуствуваше на отчетот на Управата за финансиска полиција рече дека кога ја презеле одговорноста за управување со државата, знаеле дека ќе мораат да се соочат со еден од најголемите предизвици – да ја вратат правдата таму каде што била протерана, да изградат институции што не се плашат, туку делуваат.
 
„Наша обврска е да воспоставиме систем кој ќе ги штити чесните, а ќе ги изведува пред лице на правдата оние што ја краделе државата. Денес, токму тука, испраќаме јасна порака – тоа време дојде.
 
Сериозен е податокот што од 1 септември 2024 до 10 јуни 2025 година, Финансиската полиција поднела 36 кривични пријави, со кои е откриена штета или е утврдена и противправна имотна корист во висина од речиси 30 милиони евра. Овие пари се на граѓаните, и ова е пример како се штити имиџот на државата.
 
Не заборавајте дека ние треба да служиме на граѓаните и на интересите на Македонија. Непристрасно, енергично и имаме мисија да ја преобразиме државата и да создаваме иднина каква заслужуваат граѓаните.
 
Овие пријави не се обични бројки – зад нив се кријат конкретни злоупотреби и поединци кои мислеле дека државата е нивен имот.
 
И во таа битка за правда нема партиска припадност нема етничка припадност. Правдата е слепа, но достижна.
 
И овие бројки се најсилен доказ дека државата се буди и дејствува. Нема веќе недопирливи. Нема веќе молк. Ова е ново време на одговорност.
 
Да не се заборави дека борбата против криминалот не е борба на една институција. Тоа е борба за душата на државата, за заедничката иднина. Каква иднина ќе оставиме за нашите деца, зависи од тоа сега што ќе го направиме. А Македонија е уморна од чекање и нема втора шанса, ова всушност е последната шанса.
 
Ние не градиме само економија и патишта – ние градиме правда. Ние не зборуваме само за развој – ние зборуваме за ослободување од стравот, од неказнивоста, од мафијата во клучните сектори.
 
На сите кои ја злоупотребиле довербата – им порачуваме: Ќе одговарате.
 
На сите кои чесно работат во институциите – им порачуваме: Продолжете храбро. Вие сте чувари на државата.
 
И на граѓаните – да знаете: Оваа Влада стои зад вас. Не зад криминалците. Не зад тајкуните. Туку зад секој човек што верува во правда.
 
Како што рекол Џон Кенеди:
 
„Корупцијата е најголемиот непријател на демократијата. Таа ја руши довербата и ја труе надежта.“
 
Ние сме тука да ја вратиме и довербата – и надежта.
 
Тоа што Управата за финансиска полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра е доказ дека за решеноста да расчистуваме со криминалот, и чекор напред дека ги градиме темелите на промените.
 
Нема назад. Македонија оди напред – како држава на ред, правда и одговорност“, вели Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО 37 ГОДИНИ, ЛЕГЕНДАРНАТА АНА ВИНТУР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ГЛАВНА УРЕДНИЧКА НА „ВОГ“

Следно

Белата куќа: Роковите на Трамп за царините „не се критични“

Latest from Blog

Невидени проблеми: Алонсо нема со кого на едно од најтешките гостувања

ФОТО: Real Madrid FC/FB Реал Мадрид е во исклучително деликатна ситуација пред натпреварот со Алавес, во кој притисокот не толерира никакви изговори. „Кралевите“ вечерва гостуваат кај Виторија, а евентуален нов неуспех би

Расте бројот на загинати во Сиднеј, нападот прогласен за терористички

Зборувајќи на прес-конференција, премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, потврди дека пукањето на плажата Бонди било насочено кон еврејската заедница во Сиднеј. Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, потоа

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Денеска официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар. Оваа процедура нема да има никакво

Зачинот што сите го имаме дома не е само за колачи: МОЖЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СЕКСУАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Циметот, еден од најчесто користените зачини во кујната, одамна е познат по своите здравствени придобивки. Но, нови истражувања покажуваат дека овој мирислив зачин може да има позитивно влијание и врз сексуалната енергија

ПРЕСВРТ НА ФРАНЦИЈА – ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА Црна Гора, ќе ги затвори сите 5 поглавја

Шансите Црна Гора да ги затвори сите пет планирани поглавја во вторник значително се зголемија, по интензивните дипломатски активности меѓу претставниците на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) кои се залагаат за што
Go toTop