Маричиќ: Ако не влеземе во ЕУ до 2030, ќе ни бараат други модели кои ќе важат за проблематичните држави

June 26, 2025
1 min read

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, предупредува дека Македонија мора да ги забрза реформите и да ја совлада пречката со уставните измени доколку сака да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија до 2030 година. Во спротивно, според него, земјата би можела да се соочи со алтернативни модели на интеграција – наменети за држави кои не се сметаат за подготвени.

„Германската влада јасно кажува дека до 2030 е спремна да го поддржи проширувањето – но само ако кандидатите се подготвени. Ако не сме дел од таа група, ќе важат нови, алтернативни модели за интеграција, посебно креирани за проблематичните држави,“ рече Маричиќ.

Според него, Европската комисија и Европскиот парламент веќе ја препознаваат Црна Гора како најнапреден кандидат во преговорите, а на слично ниво се и Молдавија и Албанија. Украина, и покрај комплексната безбедносна ситуација, веќе ги почна преговорите и го завршува скрининг процесот.

„Црна Гора, Молдавија и Албанија се веќе подготвени. Македонија може да се приклучи на тој пакет – но само ако навреме ги направи уставните измени и ги отвори кластерите. Во спротивно, ако чекаме предолго, ќе мора повторно да правиме скрининг поради новото законодавство на ЕУ, што значи големо одложување“, нагласи тој.

Маричиќ потсети и на договорот на германската влада, во кој експлицитно се наведува дека земјите што нема да бидат подготвени за членство до 2030 година ќе бидат предмет на нови, „различни модели“ на интеграција и соработка – модел што, според него, значи помалку јасна перспектива за полноправно членство.

„Ова не е само политичка порака. Тоа е реална временска рамка со последици. Ако останеме надвор, тешко ќе се вратиме во играта под истите услови“, порача Маричиќ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на собраниска седница на 9 јули

Следно

ПО 37 ГОДИНИ, ЛЕГЕНДАРНАТА АНА ВИНТУР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ГЛАВНА УРЕДНИЧКА НА „ВОГ“

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата
Go toTop