Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на собраниска седница на 9 јули

June 26, 2025
1 min read

За интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски поднесена на 4 јуни од пратеничката група на Европски фронт ќе се расправа во рамки на 59. собраниска седница закажана на 9 јули. Како што стои на собраниската веб-страна, седницата треба да почне во 11 часот.

Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд.

– Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа, туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирањето на оваа институција и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони. – рече Хасани.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Низ аеродромите во Истанбул од јануари до мај поминаа речиси 50 милиони патници

Следно

Маричиќ: Ако не влеземе во ЕУ до 2030, ќе ни бараат други модели кои ќе важат за проблематичните држави

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата
Go toTop