Низ аеродромите во Истанбул од јануари до мај поминаа речиси 50 милиони патници

June 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Низ двата аеродроми во Истанбул поминале 49,9 милиони патници во првите пет месеци од годината, покажуваат податоците од Генералниот директорат на Државната управа за аеродроми (DHMI), јавува Анадолу.

Бројот на патници се зголемил за 2,5 милиони во споредба со истиот период минатата година.

Од 49,9 милиони патници, 31,8 милиони го користеле Аеродромот „Истанбул ИГА“. Околу 6,8 милиони од тој број летале со домашни летови, а 25,5 милиони патувале со меѓународни летови.

Во истиот период минатата година, 31,2 милиони патници го користеле Аеродромот „Истанбул“, од кои 6,6 милиони летале со домашни летови, а 31,2 милиони летале со меѓународни летови.

Во меѓувреме, од Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ на анадолската страна од Истанбул се превезле 18 милиони патници од јануари до мај, од кои 7,7 милиони со домашните летови, а 10,3 милиони биле меѓународни патници.

Во првите пет месеци минатата година, аеродромот имал 16,1 милион патници, од кои 5,7 милиони на домашни летови, а 8,5 милиони од нив летале на меѓународни летови.

Бројот на летови на двата аеродрома, исто така, се зголеми од јануари до мај, летовите на Аеродромот „Истанбул ИГА“ изнесуваат 212.978 – од кои 46.257 се домашни, а 166.721 меѓународен – што е зголемување од 5.124 летови во споредба со истиот период минатата година.

Бројот на летови на Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во првите пет месеци достигна 105.278, што е зголемување од 8.315 летови. Од вкупниот број, 61.410 летови се домашни, а 105.278 се меѓународни.

Во меѓувреме, на Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул – аеродром на европската страна на Истанбул, отворен само за приватни авиони – имаше 10,8 милиони летови во истиот период, што е зголемување од 10,7-те милиони.

На аеродромите во Истанбул се извршени 329.141 лет во периодот јануари-мај, што е зголемување во споредба со 315.593 реализирани во истиот период минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на ЕУ ја осудија хуманитарната криза во Газа, го повикаа Израел целосно да ја укине блокадата

Следно

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на собраниска седница на 9 јули

Latest from Blog

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос
Go toTop