Захарова демантира дека Лавров и Блинкен разговарале за размена на затвореници

March 3, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес демантираше дека шефовите на руската и американската дипломатија разговарале за размената на американскиот државјанин Пол Вилан, кој во Русија служи затворска казна поради шпионажа, пренесува Анадолу.

Захарова на Телеграм ги нарече „лажни“ изјавите на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, кој рече дека државниот секретар Ентони Блинкен „дал сериозен предлог“ за размената на Вилан за време на краткиот разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на маргините на министерскиот состанок на Г-20 во Њу Делхи.

„Ох, колку интересно. Го прашав Сергеј Викторович (заб. ав. Лавров) дали Блинкен вчера ја споменал темата за Вилан. Излезе дека американскиот државен секретар не го ни споменал. Сè што вчера Стејт департментот објави дека Блинкен изразил загриженост за ситуацијата во која е вклучен американски државјанин е лага. Неверојатно однесување на американската администрација“, рече Захарова.

Таа додаде дека Блинкен „побарал контакт со Лавров“, а двајцата дипломати потоа разговарале „во одење“.

Судот во Москва во јуни 2020 го осуди поранешниот американски маринец Вилан на 16 години затвор, прогласувајќи го за виновен за шпионажа. Вилан се изјасни за невин и рече дека ќе поднесе жалба на казната.

Федералната служба за безбедност го приведе во Москва во декември 2018 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апсење на „Партизанска“ – полицијата приведе млад скопјанец

Следно

Улицата „Козара“ ќе се асфалтира и по третпат

Latest from Blog

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски

Борнмут е посилен за Антонио Силва

Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој

Стара Водејнца – вкусот на традицијата во срцето на Јабланица

Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ
Go toTop