Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“

June 26, 2025
2 mins read

Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, ЕЦПД Регионалниот институт за развојни студии (РИДС) Скопје при Универзитетот за мир основан од ООН и Дипломатскиот клуб – Скопје денеска во МАНУ  организираат тркалезна маса на тема „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“.

Оваа тркалезна маса, информираат од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, ќе биде значаен форум за унапредување на значајни дискусии за перспективите на Северна Македонија и другите земји-кандидатки во рамките на проширувањето на ЕУ.

Воведни и поздравни обраќања на настанот ќе имаат академик Таки Фити, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, Орхан Муртезани, министер за европски прашања, амбасадорот во пензија Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје, Никола Поповски, декан на ЕЦПД РИДС Скопје при Универзитетот за мир основан од ООН

Како што информираат од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, тркалезната маса има за цел да се осврне на моменталната геополитичка клима и начинот на кој таа ја обликува политиката на проширување на ЕУ. На тркалезната маса се очекува да се дискутира за поместувањето во динамиката на промените на глобалната моќ и како тоа би можело да го трансформира процесот на интеграција во ЕУ. Со оглед дека ЕУ го нагласува проширувањето како геостратешка инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет, ќе бидат разгледани импликациите од овој наратив во реалниот свет, особено за Северна Македонија и другите земји-кандидатки во Западен Балкан.

– Тркалезната маса ќе биде структурирана во две сесии фокусирани на следниве критични теми: Сесија 1 – Значителното влијание на геополитичкиот пејзаж, вклучувајќи ги промените во САД и во надворешната политика на САД, регионалните конфликти и нестабилност, изгледите за завршување на војната во Украина, жариштата на Западен Балкан и растечкото влијание на силите кои не се членки на ЕУ, како што се Русија и Кина, врз политиката на проширување на ЕУ. Начинот на кој овие промени во динамиката на глобалната моќ веројатно ќе ја преобликуваат иднината на проширувањето на ЕУ. Влијанието на геостратешките промени врз меѓународната трговија и капиталните текови и проблемот со можностите за зголемување на глобалните и националните трошоци за одбрана. Геополитичките промени можат да влијаат и на миграциските текови во светот и на регионалните конфликти. – До кој степен наративот на ЕУ за проширувањето како геостратешка инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет се пренесува во конкретни дејствија, особено во однос на Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан? – Како ЕУ може ефикасно да ги балансира амбициите за проширување со нејзините внатрешни предизвици, вклучувајќи ги одбранбените и безбедносните предизвици, двоумењето и спротивставувањето на земјите-членки на целиот процес, економските нееднаквости, проблемите со управувањето и растечкиот бран на европесимизам, посочуваат од Центарот  за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“.

На втората Сесија ќе се дискутира за тоа Колку се одржливи амбициите на ЕУ да ја преземе улогата на геополитички актер во сегашните околности? Кои се стратешките импликации од проширувањето за геополитичкото присуство, стабилноста и безбедноста на ЕУ во Европа, Геополитичкиот контекст на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан, како и значењето на интеграцијата во ЕУ за регионалната стабилност и развој и Стратешката определба на Северна Македонија за членство во ЕУ, моменталната состојба на преговорите за пристапување во ЕУ (вклучувајќи ги социо-политичките, економските, предизвиците за владеење на правото и соседските односи) и можните патишта за напредок. Дали пристапот на новата Европска комисија кон постепена интеграција може да послужи како одржливо транзициско решение.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и многу топло време!

Следно

Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма

Latest from Blog

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос
Go toTop