НАТО Самит: Согласност за зголемување на трошоците за одбрана на 5%

June 25, 2025
1 min read

Историјата покажа дека кога Северна Америка и Европа работат заедно тоа е добитна комбинација, нашите противници тоа добро го знаат, изјави  генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на Самитот на НАТО во Хаг. Членките на Алијансата остануваат обединети во најмоќниот одбранбен сојуз во светската историја, чија Член 5 од основачкиот документ кој предвидува дека напад врз еден сојузник претставува напад врз сите, што испраќа моќна порака, рече Руте.

Марк Руте – генерален секретар на НАТО: „Нашата трајна предност на членот 4, дека нападот на една членка е напад на сите, праќа силна порака. Сојузниците се обврзуваат да издвојуваат пет насто од својот БДП годишно за основни одбранбени потреби, како и за трошоци поврзани со одбраната и безбедноста.  Сите сојузници се обединети во разбирањето дека треба да преземеме чекори за зајакнување на безбедноста. Доналд Трамп јасно стави до знаење дека САД се посветени на НАТО, но бара од европските членки и Канада да направат повеќе за воениот сојуз“. 

На Самитот беа донесени историски одлуки за побезбедни граѓани, преку посилен, пофер и поборбен НАТО. Имаме конкретен план сите сојузници да потрошат пет отсто од БДП за одбрана – дел ќе се насочи кон основната одбрана, а дел кон инвестиции поврзани со одбраната и безбедноста, рече Руте. Предолго време еден сојузник – САД, носеше преголем дел од товарот на таа обврска. И тоа се менува, додаде генералниот секретар на НАТО. Беше донесена одлука и за дополнително зголемување на одбранбеното производството, со што на вооружените сили на НАТО ќе им биде обезбедено се што им е потребно и одлука за продолжување на поддршката за Украина.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Реакција на Министерството за правда: СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации 

Следно

Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop