Челникот на групата Вагнер тврди дека украинскиот град Бахмут е речиси опколен

March 3, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Евгениј Пригожин, челникот на руската паравоена група „Вагнер“, вклучена во руската „специјална воена операција“, денес истакна дека неговите борци речиси го опколиле украинскиот град Бахмут, пренесува Анадолу.

Во видеото објавено на Телеграм, Пригожин вели дека само еден пат останал под контрола на украинските сили.

Пригожин му се обрати и на украинскиот претседател Владимир Зеленски, барајќи од него да дозволи децата и постарите лица да го напуштат градот.

„Апелирам до претседателот на Украина… Ако порано професионалната украинска Армија се бореше со нас, денес гледаме сè повеќе стари луѓе и деца. Тие се борат, но нивниот живот во Бахмут е краток, ден или два. Дајте им можност да го напуштат градот“, рече Пригожин.

Бахмут е голем транспортен центар преку кој украинските војници во Донбас се снабдуваат со оружје, воена опрема и муниција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малишиќ: Од утре ќе има леб од 33 денари, битката ќе ја водиме на суд

Следно

Стајковци добива нова спортска сала која ќе го носи името на бранителот Бобан Ивановиќ

Latest from Blog

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.
Go toTop