Новак Ѓоковиќ сака да се пресели во Грција

June 25, 2025
1 min read

По информациите дека Новак Ѓоковиќ е во Атина за да преговара со грчките власти за преселба на неговото семејство, францускиот портал „Ние го сакаме тенисот“ објави дека причината за оваа одлука е ставот на српските власти кон најдобриот тенисер на сите времиња, пишува српски „Данас“.

Медиумите во Грција објавија изминатава сабота дека Ѓоковиќ ја посетил Атина со своето семејство, разгледал куќи за преселба и училишта за своите деца.

„Познато е дека поради неговата поддршка за студентите, Ѓоковиќ се соочил со цензура на некои од неговите изјави и постапки од страна на властите во неговата земја. Затоа, не би било нелогично да ја напушти Србија и да се пресели во една од земјите во регионот каде што сè би било помирно за него и неговото семејство“, пишува францускиот портал.

Како свој извор, порталот ги цитира написите на грчките медиуми и фактот дека Ѓоковиќ вечерал со премиерот Киријакос Мицотакис, каде наводно разговарале за најдоброто решение за преселбата на Ѓоковиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марјан Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Следно

Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО 

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На
Go toTop