Речиси 56.000 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Газа

June 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 55.998 Палестинци се убиени во геноцидната војна што Израел ја води во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека во последните 24 часа во болниците се донесени 39 тела, а 371 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 131.559.

„Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израелската армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март, во кои се убиени 5.685 лица, а повредени се уште 19.518, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истрага против татко и синови за тешко насилство во Батинци

Следно

Ердоган: „Турција работи напорно за да спречи влошување на конфликтот меѓу Израел и Иран“

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска од Братислава: Дигитализацијата е клучна за поефикасни јавни финансии

7 мај 2026 година, Братислава – Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа теми на разговор на работниот состанок меѓу

Проданоски: Прилеп доби ново собирно место за селекција и одлагање отпад

Во Прилеп денеска официјално беше пуштено во употреба новото Собирно место за селекција и одлагање на отпад, кое претставува значаен чекор кон воспоставување на поорганизиран, поодржлив и поеколошки систем за управување со

Божиновска на натпреварот за зелени иновации: Младите се двигатели на промените

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека младите се најголемата енергија за зелената транзиција и двигатели на современиот и одржлив развој на државата. На Националниот натпревар за најдобар
Go toTop