АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

June 23, 2025
2 mins read

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата Фискална стратегија 2026-2030, која беше предвесник на ребалансот на буџетот, се посочува на поголем трговски дефицит од сега проектираниот.

Ценовен раст

За разлика од сегашните буџетски позиции, според новите буџетски проценки, инфлацијата сепак ќе забрза. Според првичните прогнози годинава требаше да заврши со стапка на инфлација од 2,2 отсто, а според новите, ќе финишира со инфлација од 2,8 отсто. Министерството за финансии во новите фискални проценки потврдува дека од почетокот на годинава има ценовен пораст, пред сè, кај прехранбените производи.

„Во првиот квартал од 2025 година просечната стапка на инфлацијата изнесува 4,2 отсто и во анализираниот период цените на храната се зголемија за 4,1 отсто, додека цените на нафтените деривати се намалија за 2,7 отсто. Базичната инфлација во периодот јануари – март 2025 година изнесува 5,5 отсто и последните два месеци по ред истата регистрираше забавување на растот, иако сè уште е на високо ниво“, се наведува во Фискалната стратегија 2026 – 2030.

Раст на БДП

Иако со летниот ребаланс буџетот за 2025 се зголемува за 1 отсто и на приходната и на расходната страна, а стапката на економски раст останува непроменета од 3,7 отсто. И покрај тоа што сме во изборна година во која се очекува позначаен ефект од унгарскиот кредит преку покренување на проектите на локално ниво и на приватните инвестиции како и активирање на проекти од Планот за раст на ЕУ, проценките за БДП остануваат на иста позиција.

„Голем придонес кон растот во 2025 година се очекува да имаат бруто инвестициите со раст од 8,6 отсто, пред сè како резултат на интензивирањето на реализацијата на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата (коридор 8 и 10 и железничката инфраструктура), придружени со мерките за оптимизација на трошоците, динамиката, и условите за градба. Во периодот 2026 – 2030 година инвестициите се очекува да растат со просечна стапка од 7,8 отсто, во услови на високо ниво на предвидени капитални инвестиции во буџетот“, велат во Министерството за финансии.

Повисоки стапки на раст на БДП се очекуваат од следната година, па така во 2026 растот треба да биде 4 отсто а во 2027 4,2 отсто и овој растечки тренд треба да се одржи во наредните години.

Буџетски дефицит и платен биланс

Според најавите на министерката за финансии, иако со ребалансот, буџетските приходи но и трошења се зголемени за 1 отсто, буџетскиот дефицит ќе остане на исто ниво од 4 отсто од БДП.

„Дисциплинираниот пристап во управувањето со јавните финансии ќе продолжи, буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП и е понизок од остваренито дефицит минатата година, внимателен и сериозен пристап применуваме и во управувањето со јавниот долг“, изјави министерката.

Во новата Фискална стратегија пак, каде се прави компарација на среднорочните проекции во однос на сегашниот буџетски документ, се наведува дека буџетскиот дефицит за годинава ќе биде 4,3 отсто. Извозот на домашните компании и натаму останува „проблематичен сегмент“.

Во новата Фискална стратегија во однос на сегашната, се предвидува пониска стапка на раст на извозната активност, од 4,3 отсто на 2,2 отсто. Со ребалансот на буџетот капиталните расходи ќе изнесуваат 772, 3 милиони евра или нешто повеќе од сегашната планирана сума. Ребалансираниот буџет за 2025 веќе е адресиран до пратениците за усвојување.

Преземено од Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реџепи во Студио 10: Ситуацијата на Блискиот исток

Следно

ФОТОИЗЛОЖБА ОД 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРА НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ СЕ ОТВОРА НА 3 ЈУЛИ ВО МАКЕДОНСККИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ЗАГРЕБ

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop