Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

June 23, 2025
2 mins read

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски денеска изјави дека до 11 или 12 јули ќе биде пуштена во употреба делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, каде како, што појасни има големи косини, кои треба да се санираат, со што, како што претходно најави и премиерот Христијан Мицкоски првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид ќе бидат пуштени во употреба следниот месец. 

-Граѓаните, туристите, сите оние кои доаѓаат, возат, во Охрид или се враќаат оттаму ќе можат да возат по нов асфалт. Прекинот кај Ботун е поради тоа што патот би требало да биде од десна страна на Ботун, а таму има големи косини, големи свлечишта, кои треба да се санираат…Свлечиштата кај Ботун се врзани со останатите свлечишта кај Кичево, од Кичево до Врбјани. Ние интензивно работиме со Градежниот факултет, работиме со Кинезите, се правеа геоистраги, се правеа околу шест и пол километри бушења за да се добие составот на земјиштето на овие овие косини, бидејќи тие во добар дел се нестабили. Овие геоистраги се при крај, околу 40 отсто се веќе завршени. Врз основа на нив проектантите проектираат модели и типови на заштита на тие косини, на стабилизација, рече Трајановски за Сител.

За тоа кога ќе се реши проблемот кај Ботун, Трајановски нагласи дека утре имаат важен состанок, а целта е да се одреди типски модел на заштита на тие косини и најверојатно ќе се оди со галерии. Тој истакна дека има околу 14 попроблематични косини, како и околу 21 кои не се толку проблематични, а треба да се заштитуваат и смета дека во текот на оваа година најголемиот дел од нив ќе бидат заштитени.

До крајот на месецот се најавува и пуштање во употреба на експресната делница Дреново-Фариш, каде ЈПДП работи на остранување на опасните карпи, Трајановски истакна дека само на две косини биле извадени 27 илјади метри кубни земја за да можат два метри лево и десно од асфалтот да се добие рамна површина.

-Тоа е веќе решено, се прават завршните зафати и се надевам дека некаде веќе кон крајот на мсецот ќе ја пуштиме и таа делница за среќа, радост, задоволство на сите нас, пред се на прилепчани, битолчани, ресенчани сите кои патуваат во тој дел на Македонија, рече Коцевски.

Во однос на коридорите 8 и 10 д, кои ги градат „Бехтел и енка“ во вкупна должнина од 109 километри, Трајановски изјави дека е задоволен од интензитетот на работа, нагласувајќи дека се надминуваат проблемите со имотно-правните односи. 

-Кога дојдов почнавме со интензивно темпо, ние сме веќе секогаш пред „Бехтел и енка“ со експропријацијата, не сме кочничари, јавно кажаа дека ЈПДП и Република Македонија не се кочница. Сега се оди на проектирање, дизајн и можам да кажам дека интензитетот и темпото се веќе добри и мислам дека во предвидениот рок, можеби со мало задоцнување, овој пат ќе биде направен, рече Трајановски.

Во врска со тоа колку е издржано задолжувањето за брзата пруга Табановце-Гевгелија, Трајановски нагласи дека тоа е во надлежност на Министерството за транспорт и Александар Николоски и додаде дека не би сакал да дава оценка, но напомена дека нам ни е многу потребна оваа пруга, особено до Солун и Белград, како за бизнисот, така и за туризмот, бидејќи сме на трансферзалата, која ги поврзува Европа и Грција. 

Смета дека електричните автобуси, за кои денеска Николоски рече дека е веќе распишан јавниот повик за набавка на 120 вакви возила, од кои 80 се очекува да бидат за Градот Скопје, се добро преодно решение се додека не се изготват студии за трамвајски превоз во главниот град. 

На прашањето дали ќе се кандидира за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, Трајановски без директен одговор, напоменувајќи дека има многу задачи кои треба да ги заврши на позицијата на која е моментално, но и дека ВМРО-ДПМНЕ си има своја политика, а на крајот сепак најважно е мислењето на граѓаните.

-Сепак граѓаните ќе си го кажат последниот збор. Тука каде што сум се чувствувам исполнето, имам задачи, кои навистина ме исполнуваат, нивното завршување. Сепак партијата си има своја политика, граѓаните исто така ќе си го кажат својот збор. Градот Скопје треба да добие градоначалник за да почне да живее, да се гради, да биде уреден чист град, истакна Трајановски. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Руди Гобер ќе го пропушти Европското првенство

Следно

Во Центар – Јадро промоција на книга на Славчо Димитров

Latest from Blog

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар. Првата станица

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е
Go toTop