Калдерата Немрут во Турција ги привлекува љубителите на природата со прекрасните пејзажи

June 22, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Калдерата Немрут, лоцирана во подрачјето Татван во источната турска област Битлис, продолжува да ги маѓепсува луѓето што кампуваат, љубителите на природата и фотографите со своите сини и зелени езера и недопрената природна убавина, јавува Анадолу.

Позната по своето вулканско „сино“ езеро и термалното „зелено“ езеро – чии бои произлегуваат од алги и минерални наслојки – калдерата нуди спектакуларен пејзаж што се менува со секоја сезона.

Сместена на надморска височина од 2.250 метри, оваа локација е дом на голем број видови птици, кафеави мечки, ендемски растенија, ледена пештера и отвор за пареа, што ја прави омилена дестинација за домашните и странските посетители што бараат бегство од урбаниот живот.

Импресивниот пејзаж и еколошкото богатство ѝ донесоа „Награда за извонредност“ од проектот Европски дестинации на извонредност (ЕДЕН).

Локалните власти активно работат на вклучување на калдерата Немрут во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО – потег што се очекува значително да го зголеми туризмот во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марк Маркез ја освои ГН на Италија

Следно

За СДСМ првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е најдобро да е со слоганот „Македонија понижена“

Latest from Blog

Општина Битола обезбеди 300.000 денари за субвенции за возачки испит

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската
Go toTop