СДСМ без кандидати во „Бастионите“ на ДУИ – Движењето ЗНАМ договара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

June 21, 2025
1 min read

Засилени подготовки на партиите за претстојните локални избори наесен.

Од СДСМ по вчерашната седница на Извршниот одбор објавија 19 кандидати кои ќе трчаат за општинските фотелји. Претседателот на партијата Венко Филипче изјави дека дел од нив се актуелни градоначалници како на пример за Центар, Крушево, Чучер Сандево, Берово, Росоман и Крива Паланка. Од СДСМ велат дека е одлучено во општините кои се сметаат за бастиони на ДУИ, тие нема да кандидираат свој, а ќе имаат само советнички листи.

-Одлучено е, со цел оптимизација на ресурсите и водени, како што кажав од претходните искуства да се посветиме целосно на советничките листи и секако дека, како што кажав, тоа е во координација со општинските организации, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Свои кандидати, но и советнички листи подготвуваат и од ЗНАМ. Иако досега не објавиле ниту еден кандидат, извесно е дека претседателот на партијата Максим Димитриевски повторно ќе се кандидира за прв човек на Куманово, а најавија дека ќе имаат и кандидат за Центар. Од партијата веќе извесен период водат и преговори со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ за тоа каде и во кој круг ќе имаат заедничка поддршка.

-Во тек се разговори со нашиот владин партнер и очекуваме тие разговори да завршат кон крајот на месецов. Разговараме за повеќе општини, вклучително, дефинирано е за Куманово, неколку општини во Скопје и повеќе општини што се помали низ цела држава. Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник ЗНАМ тој ќе биде во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ поддржан од нивна страна и тие нема да имаат кандидат во тие општини, изјави Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе објавија дел од своите кандидати, додека за Град Скопје велат дека ќе биде познат во средината на јули. За оваа позиција се уште се кршат копјата околу тоа дали во трката за градскиот татко ќе биде актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски или министерот за локална самоуправа Златко Перински.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Ќе продолжиме да стоиме цврсто против угнетувањето

Следно

Иран ги предупреди САД за евентуално вмешување во израелските напади, повика на враќање на дипломатијата

Latest from Blog

Трамп очекува брз крај на војната

Претседателот Доналд Трамп предвиде брз крај на војната со Иран, бидејќи Техеран разгледува мировен предлог на САД, за кој изворите велат дека формално ќе го заврши конфликтот, оставајќи ги нерешени клучните барања

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop