Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница

June 21, 2025
1 min read

Бразилското Обвинителство и формално поднесе тужба против 38-годишниот француски фудбалер Димитри Паје за „сексуално, физичко и психолошко насилство“ врз неговата поранешна девојка.

Бразилските обвинители го обвинија поранешниот француски репрезентативец за злоупотреба на 28-годишната адвокатка Лариса Ферар, со која беше во врска.

„Поднесена е пријава против Димитри Паје и испратена до Судот за семејно насилство“, објави обвинителството, без да наведе дополнителни детали за тужбата.

Бразилските медиуми објавија дека Паје се товари дека емоционално ѝ наштетил на својата поранешна девојка со „болни и понижувачки изрази, понижување, манипулација и исмејување“.

„Мал чекор, но голема победа“, напиша адвокатот на Лариса Ферар на Инстаграм откако бразилските медиуми го објавија обвинението.

Според бразилските медиуми, кои се повикуваат на полициски извештај, Паје, кој има сопруга и четири деца, признал дека имал вонбрачна врска, но негирал дека извршил насилство.

Паје од пред две години е фудбалер на бразилски Васко де Гама, откако претходно настапуваше за Олимпик Марсеј, Вест Хем, Лил, Нант и Сент Етјен. За француската репрезентација одигра 38 натпревари и постигна осум голови. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин: Москва ја поддржува мирољубивата нуклеарна програма на Иран, се противи на нејзино вепонизирање

Следно

САД и Европската Унија ги уништуваат ОН

Latest from Blog

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на
Go toTop